МИОА со апел до граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона: Да се заштитиме себе и нашите најблиски

25

Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, повика денеска Министерство за Информатичко општество и администрација граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата.

-Ги повикуваме уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата СтопКорона . Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна, апелират од МИОА.

Апликацијата СтопКорона, брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате.

Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.mk/.