Министрите на ЕУ на итен состанок за рускиот гас

25

Министрите за енергетика на ЕУ денеска ќе одржат итен состанок, бидејќи европскиот блок бара заеднички одговор на барањето на Москва до земјите кои воведоа санкции кон Русија да го платат гасот во руски рубљи или да се соочат со намалувања на енергијата.

Русија минатата недела ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска, откако двете земји одбија да ја платат сметката во рубљи.

Москва соопшти дека странските купувачи на гас мора да платат депозит во евра или долари во „Газпромбанк“, што ќе ги претвори парите во рубљи.