Поранешниот министер за имиграција на Нов Зеланд, Сер Кери Бурк, смета дека Алекс Хок, австралискиот министер за имиграција, државјанство, услуги за мигранти и мултикултурни прашања, треба да му ја одземе визата на светскиот тениски рект број еден Србинот Новак Ѓоковиќ.

Ова значи дека најдобриот тенисер на светот не би имал право да остане во Австралија или да настапи на првиот грен слем турнир Австралија опен, што претходно беше привремено овозможено, со пресудата на судијата Ентони Кели на Федералниот окружен суд на Австралија.

-Според австралискиот закон министерот Алекс Хок има овластување да му ја одземе визата на Ѓоковиќ. Ниту еден коментар од судијата Ентони Кели не може да го оспори овластувањето на министерот, рече Бурк, мислејќи на претходното сослушување и препораките.

-Ако законот бара секој што влегува во Австралија да има две вакцини против Ковид-19, со соодветно временско растојание меѓу првата и втората, и ако Ѓоковиќ не го исполни овој услов, тогаш неговиот обид да остане во Австралија мора да пропадне. Министерот Хок треба да го направи тоа, рече Бурк.