Министерот апелира: Не се лекувајте сами, се доведувате во животна опасност

116

Јавната порака која министерот за здравство Венко Филипче ја упати кон сите граѓани што самоволно се лекуваат со сумамед и други лекарства, е тоа да не го прават.

-Апелирам и молам сите граѓани ова да не го прават. Дури и сите дијагностицирани пациенти со тешка и средна клиничка слика не се погодни за оваа терапија. Ова е оф лејбл терапија, но се дава зашто дава добри резултати. Кај група пациенти мора да има дополнителни кардиолошки испитувања, ЕКГ. Ако има неправилности, тогаш лекот не се дава. Да не помислат да земаат сами ваква терапија, а уште помалку да не помислат да им биде некаква превенција, рече министерот.