Секој од нас има опцуено барем еднаш во животот. Или за да исфрлите нешто од себе или да искажете фрустрација, пцовките се неразделен дел од нашиот јазик.

Во Украина, актуелната министерка за здравје Улана Суприн рече дека пцовките можат да бидат добри за нашето здравје, а дека нивната употреба може да укаже на блиски односи и силни емотивни врски меѓу луѓето.

Таа го коментираше предлогот за новиот закон што го изнесе пратеничката Олха Бохомолец, кој би требало да спречи јавните личности да се пцујат по медиумите.

Во предлог законот стои дека казната за пцуење на телевизија или за време на јавни настапи би била 43 евра.

Но, докторката Супрун смета дека пцуењето може да биде корисно во екстремни ситуации, додавајќи дека во многу случаи пцуењето значи дека луѓето се блиски.

Таа додаде дека луѓето повеќе би требало да поработат на нивните агресивни чувства одошто на неприкладниот јазик.

Фејсбук постот на министерката за здравје на ова тема собра над 21 илјада реакции.

Еден од компентарите под овој нејзин пост кој собра најмногу допаѓања вели дека пратеничката Бохомолец веројатно опцула кога го видела постот на докторката Супрун.

Иако овој закон би се однесувал само на јавните личности, а не на обичните граѓани, многу корисници на друштвените мрежи се шегуваа за тоа како би им изгледал животот без пцуење.

Извесен Јевхен Халахан се прашува дали Украинците воопшто можат да разговараат за животот во Украина ако им се забрани да пцујат.

Некои пак си замислија свет со посебни соби наменети за пцуење каде човек ќе се напцуе на раат и потоа ќе излезе како препороден.

Природно, некои на веста за овој предлог закон, сосема очекувано одговорија со пцуење. Инаку, законот е се уште во парламентарната комисија.

И уште нешто. Ова подолу е шема за боење (за возрасни). Ако сте напнати – испечатете ја, земете боички и „издувајте“ ја фрустрацијата.