Вечното српско дерби помеѓу Црвена звезда и Партизан заврши во корист на „црвено-белите“ со 86:85, во рамки на 8. коло во АБА-лигата.

Иако избраниците на словенечкиот тренер со македонско потекло, Сашо Филиповски, имаа голема можност да го решат победникот во своја корист, сепак, Милер-Мекинтајер не успеа да погоди во последните секунди за победа на Партизан.

Најефикасен во победничкиот тим беше Волден со 13 поени, додека на спротивната страна Томас запиша 14 коша.