Минималната пензија во Бугарија од 1 јули ќе изнесува 130 евра

76

Минималната пензија, според стаж и старост, од 1 јули ќе изнесува 250 лева (околу 130 евра), одлучија пратениците во бугарскиот Парламент.

За утврдување на оваа минимална пензија гласаа 214 пратеници, од кои 137 беа за, 61 против и 16 воздржани.

Синоќа, политичките партии Атака и БСП побараа поединечно гласање за минимален износ на пензијата, утврден во буџетот за 2020 година.

Претседавачот на пленарната седница Емил Христов рече дека БСП ја попречува работата на седницата, по што ја прекина работата на Парламентот.