Минатата недела пријавени 5.654 грипозни, вкупно 22.071 заболен

57

Во текот на минатата недела се регистрирани 5.654 заболени од грип, што е за шест помалку од неделата пред неа, информираат од Институтот за јавно здравје.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, минатата недела пристигнале 99 материјали за тестирање на грип, од кои 55 или 55,6 отсто се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца, кај 25, или 45,5 отсто е детектиран тип А, а кај 30, односно 54,5 отсто се инфлуенца тип Б.

Најголем број заболени, или 2.776 се на возраст од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 818,3 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од пет до 14 години. Најмногу заболени се пријавени во Скопје (1.065), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата на Кратово.

Во оваа сезона се регистрирани вкупно 22.071 заболен од грип.