Минатата година во Хрватска починале најмногу луѓе од крајот на Втората светска војна

49

Минатата година 56.677 лица починале во Хрватска, што е најголем број на смртни случаи во една година од крајот на Втората светска војна, соопшти Централното биро за статистика (ЦБС).

Според тие податоци, од почетокот на епидемијата во Хрватска во март минатата година до декември, починале 13,2 процента повеќе луѓе во споредба со истиот период во 2019 година, или осум проценти повеќе отколку во целата година, додека само во декември 2020 година бројот на смртни случаи беше 77 проценти повисок.

Од јануари до декември минатата година, во Хрватска починале 4.350 лица повеќе во споредба со 2019 година.

Во периодот од прогласувањето на епидемијата во март минатата година до декември, бројот на смртни случаи во Хрватска се зголемил за 13,2 процента во споредба со истиот период минатата година, што е за 5.523 лица повеќе.

Најголем број смртни случаи во Хрватска е забележан во декември минатата година – 7.395, што е за 77,3 проценти, па дури и за 3.225 смртни случаи повеќе во споредба со истиот месец во 2019 година, објавија хрватските медиуми.

Извор:МИА