Аудио снимка, која као што рече ја добил од свиркач, денеска на прес конференција пушти пратеникот Антонио Милошоски.

На снимката, како што тврди тој, се покажува како премиерот се меша во судската власт и во специјалното јавно обвинителство. Според него, по објавувањето на овој материјал, Заев треба да биде приведен или викнат на распит.

Милошоски ја пушти бомбата, заедно со транскрипт од разговорот. Тој рече дека свиркачот што му ја дал му кажал дека се работи за „снимка со висок материјален интерес“.

-Заев како премиер во присуство на други лица дава експлицитно јавен исказ дека договарал одлуки со Врховниот суд, што е мешање во судската власт и флагрантно кршење на законте. Бил во тесна врска со Катица Јанева која не можела да настапува самоволно. Јасно се гледа зошто му се брзаше на нелегален начин да се донесе Законот за јавно обвинителство, рече Милошоски на денешната прес конференцијата на која ја објави аудио снимката.