Околу 400 дипломци на колеџот „Морхаус“ во американската сојузна држава Џорџија добија неочекувано голем подарок од милијардерот и филантроп Роберт Смит, кој и’ го отплати студентскиот долг на цела генерација во износ од 40 милиони долари. Пред да им го отплати долгот на студентите, Смит на колеџот му подарил еден и пол милиони долари.

„Морхаус“ е трaдиционaлно црнечки колеџ на кој студирале и големиот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг, потоа режисерот Спајк Ли и актерот Самуел Л. Џексон.

„Студенти на колеџот „Морхаус“, опкружени сте со луѓе кои во помогнаа денеска да бидете овде. Во името на осум генерации на моето семејство, колку што не има во оваа земја, ќе ви дадам уште малку поттик“, рекол милијардерот Смит, кој бил главени говорник на церемонијата на дипломирање. 

Студентите, од кои некои биле должни и по десетици илјади долари, во исто време биле и среќни и шокирани.

– Делува нереално. Кога од говорницата рече дека ќе ни’ ги отплати сите долгови, погледнав во колегите и прашав дали добро слушнав. Бев во целосен шок. Ова е најубавиот подарок што сум го добил во животот – рекол еден од студентите.