Милион денари за пробивање и тампонирање локални пристапни патишта во Кавадарци

38

Милион денари за пробивање и тампонирање локални пристапни патишта доби општината Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски на секретарот на Општина Кавадарци, Тодор Ефремов, му го додели решението за инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму појаснија дека станува збор за приспособување на патната инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште на место викано Шамаците, општина Кавадарци.