EPA-EFE/BOGDAN CRISTEL

Поранешниот кик-боксер Ендрју Тејт (36) одлучи да донира 100 милиони евра за да им помогне на мажите кои биле лажно обвинети од жените за голем број злоставувања и други тешки кривични дела.

Контроверзниот Ендрју Тејт е во романски затвор повеќе од еден месец под обвинение за трговија со луѓе и сексуална експлоатација на жени.

Од романскиот дом на Тејт му беа одземени мноу скапи автомобили, а тој заедно со својот брат Тристан ќе останат зад решетки најмалку до 27 февруари.

Како и што се очекуваше, поранешниот кик-боксер тврди дека не е виновен и дека сето ова е монтиран судски процес против него. Поради тоа решил да реагира и да ги заштити мажите од лажни обвинувања.

  • Во затвор го сменив тестаментот. Ќе донирам 100 милиони евра за да основам организација која ќе ги штити мажите од лажни обвинувања. Милиони мажи низ планетата се лажно обвинети и никому не му е гајле. Може да бидете вие ​​некогаш, истакна Тејт.

Ендру од почетокот тврди дека е невин и дека е во затвор без причина. Тој смета дека има луѓе кои сакаат да го замолчат поради неговите ставови.

  • Нема докази бидејќи не сум направил ништо лошо. Сите знаат дека сум невин. Нема правда во Романија, истакна Ендрју Тејт на крајот на јануари.

Инаку, Ендрју на крајот на минатата година премина во ислам. Што се однесува до неговата спортска кариера, овој американско-британски борец го имаше својот последен меч во 2020 година. Тој е поранешен светски шампион и во кариерата има биланс од 76 победи и девет пораза.

Сепак, неговите контроверзни ставови му донесоа многу забрани на социјалните мрежи. На крајот заврши во затвор и ќе видиме што ќе биде со него во иднина.