Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Челзи, е последниот кој покажа интерес за услугите на српскиот интернационалец од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Сергеј Миленковиќ-Савиќ. Неофицијално, лондонските „сини“ се подготвени да понудат околу 50 мил. евра за обештетувањето на одличниот играч за врска, но се подготвени и во обратната насока да го испратат репрезентативецот на Англија, Рубен Лофтус Чик.