Милена молеше за помош од бањата

136

Жан Пауло Фернандез, резервниот голман на Сао Паоло, веќе неколку дена е главна тема кога е во прашање бразилската јавност, но не поради нешто што го има направено на зелениот терен или помеѓу стативите.

Пред неколку дена, бразилските медиуми открија дека 24-годишниот голман ја има брутално претепано својата сопруга Милена, која веднаш објави неколку видеоклипови на кои јасно се гледа дека нејзиното лице е деформирано од ударите на Фернандез.

  • Луѓе, јас сум во Орландо, но мора да видите што ми има направено Жан. Дали може некој да ми помогне: Жан само што ме удри. Сакам правда, сакам правда. Се заклучив во бањата, вика на видеоклипот Милена.

Само неколку часа подоцна, бразилскиот голман беше приведен поради насилно однесување врз сопругата, а од таборот на Сао Паоло потврдија дека е можно да стават крај на соработката со Фернандез.

  • Сао Паоло веќе постои речиси 90 години и својата приказна ја има изградено врз темелите на цврстите начела кои се однесуваат на однесувањето на зелениот терен, но и надвор од него. Ние нема да се откажеме од тие начела, стои во официјалното соопштение на бразилскиот клуб кој чека крај на официјалната истрага за да донесе конечно решение околу статусот на 24-годишниот голман.