Кошаркарите на Милвоки  стартуваа со победа во конференциското финале од Истокот, откако злавеше против Торонто со 108:100.

„Елените“ диктираа темпо на игра во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојдоа до целиот плен, меѓутоа Торонто покажа голема борба, посебно во вториот дел од средбата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Брук Лопез, кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 29 поени и 11 скока, додека зад него Јанис Антетокумпо запиша 24 поени и 14 скока. На спротивната страна Каваи Ленард го заврши мечот со 31 поен, додека Кајл Лаури постигна 30 коша.

Наредниот меч од финалната серија на Истокот е закажан в петок, во 2:30 часот по полноќ исто така на теренот на Милвоки.