Кошаркарите на Милвоки на домашен терен славеа над Сакраменто со 133:127, иако во тимот ги немаа Јанис Адетокумбо и Брук Лопез.

Милвоки Бакс ги предводеше Крис Мидлтон, кој мечот го заврши со 34 поени, шест скока и пет асистенции, а на крајот погоди и тројка за победа на својот тим.

Одлична партија имаа и Холидеј со 26 поени, пет скока и четири асистенции и Донте Дивиченцо кој постигна 20 коша. Најефикасни во тимот на Сакраменто беа Харисон Барнс со 29 поени и Тајрис Халибартон со 24 коша, 12 асистенции и шест скока.