Пред почетокот на првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата, во кој го победија најголемите ривал во источната конференција – Бруклин Нетс со 127:104, играчите на Милвоки го земаа шампионскиот прстен, највредна награда во најсилната кошаркарска лига во светот.

За разлика од повеќето други земји и меѓународни натпреварувања, каде шампионите освојуваат медали или трофеи, Американците претпочитуваат прстени. Но, со текот на времето, прстенот станува се поголем, повреден и пораскошен, дури и малку непрактично да се носи на предвиденото место.

Затоа овој пат МВП играчот од минатата сезона, Јанис Адетокумбо, и неговата дружина добија прстени не баш по мерка, па многумина почнаа да се мајтапат дека добиле ланчиња.

Прстенот го изработил познатиот златар Џејсон од Беверли Хилс, кој е одговорен за вакви награди за седум НБА тимови и вкупно 12 во најголемите американски професионални лиги.

  • Многу играчи не можат да ги носат овие прстени бидејќи се премногу гломазни, па можеби ќе го извадат на Бадник за да им го покажат на семејствата. Сакав да создадам прстен што ќе биде попрактичен. Овој е масивен како другите, но развивме технологија со која со притискање на копчето, може да се симне и да се носи како ланче, изјави Џејсон Арашебен, извршен директор на Џејсон од Беверли Хилс.

Новина на годинешното издание на прстенот е QR-кодот, кој по скенирањето покажува снимки од најважните моменти од патот до титулата. Секој детал од прстенот има своја симболика.

  • На врвот се 360 дијаманти кои го претставуваат вкупниот број на победи откако новите сопственици го купија тимот. Лево се 16 смарагди како симбол на 16 победи во плејофот што ги донесе до титулата, додека на десната страна се уште 16 смарагди кои го симболизираат бројот на освоени титули во дивизијата во нивната историја. Вкупната вредност на смарагдот е 4.14 карати, што е поштенски број за Милвоки (414). Внатре има 50 тркалезни камења кои означуваат 50 години од последната титула (1971). Трофејот Лари О’Брајан е на предната страна и е направен од 65.3 проценти чисто злато, што претставува процент на победи на тимот, и секој карат има свое значење, појаснија од лигата.