Милан ќе му оддаде почит на трагично починатиот Брајант

40

Италијанскиот гигант Милан ќе оддаде почит на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој почина трагично во хеликоптерска несреќа. Светот на спортот потона во тага по трагедијата која го одзеде големиот шампион.

Утре „росонерите” се соочуваат со Торино во натпревар за Купот на Италија, кој ќе започне со едно-минутно молчење во спомен на легендата.

Брајант поголемиот дел од детството го помина во Италија, каде неговиот татко играше кошарка. Коби знаеше италијански и не ги криеше симпатиите кон Милан.

Во 2013 година, тој дури ја посети базата Миланело на „росонерите” и го сподели восхитот за клубот.

– Јас го поддржувам Милан уште од детството. Да се ​​биде овде е огромна чест за мене. Како дете беше остварување на сонот да ги гледам Гулит, Ван Бастен и Малдини. Милан отсекогаш бил мој тим и секогаш имал посебно место во моето срце. Во Л.А. имам шал и дрес од Милан, што ги гледам секој ден, изјави тогаш Брајант.