Милан со официјална понуда до Ибрахимовиќ

53

Италијанскиот прволигаш Милан, испрати официјална понуда до фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој сака да го врати во своите редови, откако Швеѓанецот го носеше црвено-црниот дрес и од 2010 до 2012 година.

Милан се спомнува како фаворит за привлекување на популарниот Ибра, на кого наскоро му истекува договорот со клубот Лос Анџелес галакси. Златан како играч на Милан на 85 меча даде 56 гола, а во 2011 година го освоија скудетото во Серија А, што е последна шампионска титула за „росонерите”.

Според италијанските медиуми, во јануари, ветеранот Ибрахимовиќ повторно ќе заигра во дресот на Милан, но прво треба двете страни да се договорат околу висината на платата. Интерес за Ибра има и од Наполи и Болоња, но Милан заасега е најконкретен.