Стандардниот првотимец во дресот на Сасуоло, Стефано Сенси, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на италијанскиот калчо гигант Милан. Агентот на репрезентативецот на Италија во вторникот имал состанок со новиот технички директор на „росонерите“, Паоло Малдини и на истиот биле договорени последните детали околу трансферот.
За да ги осигураат услугите на 24-годишниот играч за врска, раководните лица на Милан мораа да понудат помеѓу 20-25 мил. евра, а со преселбата на „Сан Сиро“, Сенси ќе си обезбеди годишна плата од 2.5 мил. евра.