Милановиќ: ЕУ го забавува пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната

65

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја обвини Европската унија дека го забавува пристапувањето на неговата земја во Шенген зоната.

– Интеграцијата во Шенген е забавена од Европската унија, ја цитира ХРТ изјавата на шефот на државата по денешниот разговор со претседателот на Малта.

Милановиќ го повика својот малтешки колега да ја охрабри нсвојата земја да ја поддржи Хрватска во приклучувањето кон Шенген. Во исто време, тој ја обвини ЕУ за „одолговлекување и одложување на пристапувањето на земјата во Шенген“.

Според Милановиќ, Хрватска е во неповолна положба поради својата ситуација.

– Ако хрватската полиција не ја штити границата, тогаш Хрватска е несигурна, мрзелива, не си ја врши работата, рече претседателот. – Хрватската полиција ја работи својата работа и понекогаш греши, ги надминува своите овластувања и тоа натера еден дел од Европа да го впери прстот кон Хрватска. Не е фер, истакна тој.

Шенген зоната вклучува 26 земји на ЕУ кои имаат единствен систем за контрола на границите. Бугарија, Кипар, Романија и Хрватска се уште не се дел од групата, но имаат намера да се приклучат. За да биде одобрена оваа одлука, потребно е одобрение од сите постоечки членки на Шенген зоната.