Покрај Луис Хамилтон кој важи за главен фаворит кога е во прашање титулата во Формула 1, очите на спортската јавност ќе бидат насочени и кон синот на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик.

Медиумите по секој цена сакаат да дознаат нешто ново за состојбата на легендарниот Германец, се со цел да дојдат до ексклузива, а прв до кого можат да пристапат е токму Мик, кој оваа сезона ќе дебитира во најбрзиот циркус на денешницата.

Како што и самиот вели, подготвен е за својата дебитантска сезона во Формула 1, односно не чувствува притисок поради презимето што го носи.

  • Никогаш не реков дека чувствувам притисок поради презимето. Горд сум на тоа. Тоа е нешто што ме мотивира секој ден да го дадам својот максимум, да работам колку што можам. Ќе се обидам да напредувам во секој аспект, истакна младиот возач.

Сезоната во Формула 1 започнува на 28 март во Бахреин.

  • Првата трка се одржа таму во 2004 година кога татко ми победи. Имам неколку убави спомени од неа. Постои пат кој води до патеката со слики од минатото. Татко ми е на тие фотографии, убаво е да се види тоа, додаде емотивно Мик.

Тој ќе вози за тимот на Хас во наредната сезона, а во најбрзиот караван во светот пристигна како шампион во Формула 2.