Миколи стана мафијаш и сега мора во затвор

56

Поранешниот репрезентативец на Италија, Фабрицио Миколи, доби затворска казна. Миколи е осуден поради рекетирање, а тоа го има направено со помош на Мауро Лаучирели, шефот на мафијата во Палермо, кој пак доби затворска казна во траење од седум години.

Легендарниот напаѓач на Јувентус и Палермо треба во следните неколку дена, заедно со своите адвокати, да одбери во кој затвор ќе ја отслужи добиената казна. Најтиражниот спортски весник во Италија – „Газета дело Спорт“ пишува дека неговото заминување зад решетки е неизбежно без разлика дека веќе има поднесено жалба.

Пред десет години, Миколи се обидел да земен 12.000 евра со помош на насилство и закани. Тој сакал да изнуди пари од Андреа Графагиани, сопственик на еден ноќен клуб во Палермо. Миколи се обидел тоа да го направи со помош на мафијашки методи.

Кога е во прашање неговата фудбалска кариера, брзоногиот напаѓач го носеше дресот на Касарано, Тернана, Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо, Лече и Биркиркара. Беше дел од славниот тим на „старата дама“, а соблекувалната ја делеше со Алесандро Дел Пјеро, Џиџи Буфон, Павел Недвед, Давид Трезеге… Фудбалската кариера ја заврши 2015 година и во Малта како играч на Биркиркара.

Најдобрите игри ги прикажа во дресот на Палермо од 2007 до 2013 година, кога на 165 натпревари постигна 74 погодоци. За репрезентацијата на Италија одигра десет натпревари на кои постигна два погодока.