Мики и Мини Маус ќе играат и ќе се сликаат со децата во Зоолошка

109

На фејсбук страницата на Зоолошката градина  во недела е најавен интересен настан.

Двете маскоти од дизниленд, познатите Мики и Мини Маус почнувајќи од 12 до 15 часот ќе ги забавуваат најмладите посетители.

Како што објасни портпаролката на Зоолошката градина, Тиуна Мицковска, тие ќе ги анимираат децата, ќе имаат интерактивни игри со нив, а децата ќе можат да се фотографираат бесплатно со нив.