Мизрахи: Место да ја критикуваат мојата работа, бев мета на антисемитски напади

105

Нарушените меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење проблеми, очајни граѓани, исплашени вработени во МТСП, тоа се проблемите на Министерството за труд и социјална политика. Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда.

Ова вечерва во Собранието го соопшти министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, за чие разрешување вечерва дискутираат пратениците.

Таа посочи дека не може да разбере кога некој ја критикува поради верска и национална припадност. Потсети дека нејзините напади биле осудени од претставниците на ОБСЕ во Македонија, а со, како што рече, бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го регистрираа.

-Сите напади кон мене, кои почнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап, во кој со факти и докази и презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а Министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните, потенцира Мизрахи.

Според неа, хајката против Еврејката Рашела Мизрахи била со цел да се прикрие вистинската слика за она што се случува во државата и ресорното Министерство, погубните политики на СДСМ…, а таблата, како што рече, е евтина театарска претстава.

Наместо да ме остават да им помогнат на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата, од само за неа познати причини, да ми биде препишан мене. Па место таа да објасни за натрупаните нерешени случаи, за донесеното законско решение кејс менаџмент кое е апсолутно дифункционално, за криминалите кои ги направила врз синдикатите, со сета сила, најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетентност на некој друг и да го обвини за тоа, рече Мизрахи.

Таа изрази благодарност до сите граѓани, до Собранието и до ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба и за номинацијата да биде министер за труди социјална политика во техничката Влада. Додаде дека имала желба и волја да им помогне и да им служи на граѓаните