Миа и Панчо во македонски спот во Турција – скокотливо жешки

162

Панчо и Андреј, од дуото „ДНК“, ја промовираат новата балада „Ние“. Тие за потребите на оваа песна прошетаа дури до Турција. Таму снимија интересен спот во кој глуми и познатата водителка Миа Костова, а која се бања во када со пена. И веднаш загрмеа коментарите поради таа скокотлива сцена: „Песната грми“, „Доктори сте за музика“, „Миа жено, колку си жешка“, се дел од коментарите на Јутјуб. Видеото го режираше Даниел Јовески, а песната ја направија Панчо и Лазар Цветковски. Па, навистина е скокотливо, сè на сè.