МЗ: Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема

67

Во период од 6 август до 30 месецов на територија на државата 69 242 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 22 996 лица, според анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19 која ја објавува Министерството за здравство во период од 6 август заклучно со 30 декември.

Информираат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.

Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67 проценти од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со Ковид 19, 1913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22 проценти примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Од Министерството за здравство укажуваат на важноста на вакцинацијата.

-Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, појаснуваат од Министерството.