По одржаниот годишен состанок, раководството на АБА лигата потврди дека во новата сезона и двете регионални лиги ќе бидат составени од по 14 екипи, а така треба да биде до сезоната 2024/25.

Во АБА 2 лигата се потврдени двајца македонски претставници, односно МЗТ Скопје и Работнички, а останатите клубови се Спарс, Слобода Ужице, Слобода Тузла, Златибор, Студентски Центар, Сутјеска, Широки, Горица, Хелиос, Ловќен, Младост Земун и Подгорица.

Инаку, тимот од Аеродром на крајот може да заврши и во првата АБА лига, но за тоа последниот збор ќе го има Приморска, која на секаков начин се обидува да остане во елитното натпреварување. Словенечкиот тим има сериозни финансиски проблеми, а доколку дојде до нив ќе биде во друштво на Партизан, Црвена звезда, ФМП, Мега, Крка, Олимпија, Цибона, Сплит, Морнар, Игоека, Задар и Борац.

Сезоната во втората АБА лига ќе започне на 23 септември, плејофот стартува на 14 септември, а првопласираниот тим ќе избори пласман во елитното натпреварување.

Во првата АБА лига, сезоната започнува на 19 септември, а овој пат нема да има Супер куп натпреварување пред почетокот на истата.