Кошаркарите на МЗТ Скопје ја прекинаа серијата победи на Еуро Никел откако на гостински терен славеа со 96:81 во заостанатиот натпревар од 19. коло.

Најефикасен во победничкиот тим беше Андреј Магдевски со 19 поени, а четири помалку постигна Иван Карачиќ. На спротивната страна прво име беше Роберт Рикиќ со 18 коша.