Кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со ТФТ и со трофеј ја стартуваа новата сезона на домашна сцена, победувајќи го тимот од Тафталиџе со 100:82 во Суперкупот на Македонија.

Актуелниот македонски шампион од почеток до крај ја имаше резултатската контрола и на крајот сосема заслужено дојде до трофејот, петти во ова натпреварување.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мицовиќ со 27 поени, а по 18 коша постигнаа Дамјан Стојановски и Мајк Кафи. Андерсон беше најдобар во поразениот тим со 20 поени и 5 скока.

Во женска конкуренција трофејот им припадна на Баскет Кам кои славеа над Бадел 1862 со 69:61.