Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, претрпи пораз на контролниот натпревар против ПАОК со 53:97. Тимот од Солун беше шутерски расположен и со 16 тројки го распарчи тимот од Аеродром.

Со девет поени, најефикасен кај МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски, додека Еван Максвел, Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени.

Претходно, сино-белите беа подобри од Арис, Здравље Лесковац, Борац Бања Лука и од Младост Земун.