Екипата на МЗТ Скопје најверојатно ќе остане без место во првата АБА лига, откако  Копер Приморска преку официјално соопштение потврди дека клубот и натаму ќе постои, а сезонава ќе продолжи да се натпреварува во словенечкото првенство, Купот и во регионалното натпреварување.

  • Во изминатите месеци направивме огромни напори за да го осигураме опстанокот на клубот. Се боревме до самиот крај, бевме на многу состаноци со потенцијални спонзори, партнери и подржувачи, испраѓавме и многу писма со ветувања, но пред неколку дена се чинеше дека нашата кошаркарска приказна дојде до самиот крај. Во изминативе два дена, најдовме соработка со нови заинтересирани партнери, кои ќе ни дадат шанса да одиме напред, стои во соопштението на Приморска.