Поранешниот играч на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски, е назначен за нов генерален менаџер на актуалниот кошаркарски првак на Македонија. Тој на оваа функција доаѓа на местото на Тони Грнчаров, а претходно истото го работеше во Академија ФМП.

  • МЗТ Скопје Аеродром има нов генерален извршен директор и тоа повторно поранешен кошаркар и миленик на нашата публика, кој знае колкава чест е да се носи сино-белиот дрес на клубот. Станува збор за Филип Ѓоревски (36 години), кој за нашиот тим настапуваше пред 15-тина години, а кој потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје, соопштија од тимот.