МЗТ Скопје меле се пред себе

53

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа 11. победа во Регоналната АБА 2 лига, откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа над Зрински со 97:75.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов имаа негатива од еден поен (27:28) по првата четвртина, но потоа заиграа многу подобро и на одмор заминаа со пет поени предност (46:41). Во третиот период „металците“ ја обезбедија клучната разлика, добивајќи го 27:16, по што рутински го приведоа мечот до крајот со сигурен трриумф.