МЗТ Скопје и Работнички казнети од МКФ

102

Големото кошаркарско дерби во Македонија меѓу МЗТ Скопје и Работнички кое во понеделникот се одигра во СЦ „Јане Сандански“ мина во комплетна доминација на домаќините кои победија со 85:63, но овој дуел ќе остане во сенка поради навивачите на двете екипи „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“ , па клубовите ќе мора да платат за однесувањето на истите.

Имено МЗТ како домаќин е казнет од МКФ со 20.000 денари поради палење чадни бомби, додека пак Работнички исто е олеснет со споменатата сума поради истата причина.

Членот пак на Куманово, Игор Пенов ќе треба да плати 8.000 денари за техничката грешка на дуелот со Блокотехна, плус ќе мора да одмара на следниот меч против Работнички.