Двата најголеми кандидати за титулата оваа сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипите на МЗТ Скопје и Пелистер, одлично ја стартуваа новата 2022 година. Тимот од Аеродром славеше на гостувањето во Гевгелија против Кожув со 71:86, додека Битолчани беа подобри на свој терен од Академија ФМП со 94:73.

Сега, по 13 одиграни кола Пелистер останува лидер на табелата со стоотстотен учинок, додека „металците“ се второпласирани со десет победи и три порази. Трета на табелата е Гостивар со осум победи и пет порази, исто колку што има и  Академија ФМП.