Капитенот на македонската јуниорска репрезентација, Дарио Митевски (17), потпиша нов тригодишен договор со екипата на МЗТ Скопје.

Станува збор за еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, кој летово беше меѓу најзаслужните што жолто-црвените јуниори го освоија четвртото место на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Орадеа (Романија).

Митевски минатата сезона беше предводник на две шампионски генерации, поточно на младинскиот тим кој заврши како првопласиран во Втората лига, како и на јуниорскиот состав кој беше најдобар во М-18 лигата.