Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа 10. победа сезонава во Првата лига, откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа на дерби дуелот против Пелистер со 84:81.

Домаќините за малку ќе прокоцнаа позитива од 17 поени (37:20) стекнати во втората четвртина, откако гостите на три пати поведоа пред самиот крај на мечот (70:68, 72:70, 74:72). Сепак, тимот од Аеродром брзо ја презема резултатската контрола и на крајот сосема заслужено дојде до победа над еден од главните конкуренти кога е во прашање титулата во домашното првенство.

Најефикасни во победничкиот тим беа Крстевски и Рарнер со по 17 поени, додека на спротивната страна Кесар и Малешевиќ запишаа по 23 коша.

ФОТО: Петр Стојановски