Кошаркарите на МЗТ Скопје сосема очекувано славеа на домашен терен против тимот на Куманово со 75:58, во рамки на 4. коло во Првата лига.

Тимот од Аеродром имаше водството и контролата врз резултатот во текот на сите 40 минути и на крајот сосема заслужено дојде до нова победа во домашното првенство.

Најефикасен во победничкиот тим беше капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени и шест скока, додека Кристијан Николов запиша 15 коша. На спротивната страна Давид Миладиновиќ со 14 поени беше најпрецизен кај Куманово.