Актуелниот кошаркарски шампион во Македонија, тимот на МЗТ Скопје, ја запиша првата сезонска победа, откако во рамки на 2. коло славеше на домашен терен против Кожув со 89:71.

Освен во првата четвртина, Кожув немаше сили да му се спротивстави на тимот од Аеродром во продолжението од мечот, па на крајот сосема очекувано запиша пораз.

Во победничкиот состав најрасположен беше Хуан Дејвис со 14 поени, а по 12 реализираа Дастин Вер и Дамјан Стојановски. Кирил Николовски одигра феноменално за гостите и постигна 29 поени.

Второто коло продолжува во утре и задутре, а играат: ТФТ – Еуро Никел, Гостивар – Куманово, ФМЛ Академија – Пелистер, Работнички – Феникс, Ангели – МЗТ Скопје 2.