МЗТ Скопје Аеродром поразен од Игокеа

78
фото: П.Стојановски
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром драстично ги намалија шансите за опстанок во АБА лигата, откако вечерва во рамки на 22 коло загубија на домашен терен од Игокеа со 78-84.
Македонскиот кошаркарски првак беше пред императив од победа, но не го издржа притисокот во дуелот со еден од директните конкуренти за опстанок и го претрпе 18 пораз сезонава во регионалната лига.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Страхиња Мичовиќ со 18 поени.
На четири кола до крајот на сезоната македонскиот претставник е последно пласиран на табелата со скор од 4-18 и само теоретски шанси да избегне враќање во АБА 2 лигата,
Во следното коло МЗТ Скопје му гостува на Борац од Чачак.