Американскиот боксер Дени Гарсија во Бруклин со едногласна одлука на судиите го победи Украинецот Иван Редкач, а мечот го одбележа инцидентот во осмата рунда, во која Редкач му го гризна увото на американскиот боксер.

Овој инцидент ги потести сите на легендарниот меч од 1997 година кога во мечот за светски шампион во супертешка категорија Мајк Тајсон му го одгриза увото на својот противник Ивандер Холифилд.

-Јас сум вториот боксер во историјата на кого му се случило ова, зарем не? Холифилф и Гарсија – запишете ме во историјата, изјави Гарсија.

-Почувствував како нешто се вовлекува под мојата кожа и прво помислив дека ме гризнал некој инсект. Кога го подигнав погледот, сфатив дека тој ме гризна. Има нови заби и добро ги употреби. Рече „Мајк Тајсон“ кога ме гризна, а потоа јас му кажав на судијата што ми направи, додаде 31 – годишниот боксер кој во професионалниот бокс има скор од 36 победа и два порази.

Сите судии мечот го бодуваа во корист на Американецот – 118:110, 117:111, 117:111. Гарсија во кариерата е првак во две категории, а единствените два порази ги претрпе од Кит Турман и Шон Портер.