Легендарниот НБА играч Меџик Џонсон се најде во центарот на голем скандал кој сериозно ги здрма САД.  Американскиот „ЕСПН“ откри дека сега веќе поранешен претседател на Лос Анџелес Лејкерс ги злоупотребувал вработените во тимот на „езерџиите“. Тој пред само две недели го напушти претседателското место во Лејкерс поради катастрофалната сезона и ситуацијата во клубот.

  • Меџик жестоко ги малтретирал вработените. Застрашувачки и со класичен мобинг го градел својот авторитет, пренесуваат новинарите на „ЕСПН“, кој за оваа шокантна изјава разговарал со повеќе од 20 вработени во клубот.

Во таквата атмосфера вработените добивале напади на паника и морале постојано да пијат лекови за смирување.

  • Секој ден одев на работа со ужасно чувство. Тешко можам да ги избројам нападите на паника во последните година дена поради сите ср*ња кои се случуваа, изјави една од вработените која е високо позиционирана во клубот.

Во продолжение од приказната се наведуваат и други примери на хаосот кој владеел во составот на „езерџиите“, како и целосно игнорирање на структурата во одлуките за донесување на слободни играчи минатото лето.

„ЕСПН“ исто така пишува дека тимот на Лејкерс му дал неограничен пристап на Рич Пол, агентот на Леброн Џејмс, што донело до тоа атмосферата во клубот да дојде на катастрофално ниво. Младите кошаркари се плашеле дали ќе бидат трејдувани за Ентони Дејвис или не, приказна која често се споменуваше во текот на зимскиот рок, но на крајот не успеаја во намерата, а притоа тој притисок влијаел врз играчите.