Јавноста во шок, министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, стручњак од светски глас и реноме  кој го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во мај 2020 година. За министерот овие успеси не се  видливи, па дури кажа дека не толерира лекари без резултати, кои седат и спијат по 5-10 години

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија., д-р Сашко Јовев, стрчуњак од светски глас и реноме  кој го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во мај 2020 година. За министерот овие успеси не се видливи,па дури кажа дека не толерира лекари без резултати

-Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и сè друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток. Тоа е кадар на коалициониот партнер на СДСМ, тие ќе предложат друго име. Нема никој тука да биде вечно, бесмртен да биде. Ниту јас, ниту директорите. Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен, кажа Меџити вчера  на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација.

Деновиве министерот Меџити најави дека ќе ги разреши сите директори на клиниките и ќе има еден директор на целиот Клинички центар. Се закани на вработените од  Заедничките служни кои што направиле загуба од 20 милиони евра.

Неофицијално дознаваме дека на местото на Јовев ќе седне д-р Валон Асани кој што не е хирург, туку интервентен кардиолог.Тој денеска за одделни медиуми ја демантираше оваа информација.

Вработените  од Клиниката за кардиохирургија се во шок од оваа одлука на министерот,поради што до него доставија отворено писмо и побараа да се корегира неговиот став. Тие се подготвени и да престанат со работа, еден ден, оти тоа законот им го дозволува.

На нога се илјадници пациенти кои што  низ годините ги лекувал овој врвен македонски специјалист. Неофицијално дознаваме дека тие во поддршка на својот специјалист за кои што велат дека е со златна рака и голема хуманост, најавуваат за денеска мирен протест пред Клиниката.

Според нашите информации, доктор Јовев  од министерот добил образложение дека е разрешен бидејќи не го послушал актуелниот министер во однос на дежурствата. Д-р Јовев продолжил со дежурствата за да им помага на помладите колеги.

Д-р Јовев за весникот ВЕЧЕР вели дека пред една недела кога ја пуштале во употреба хибридната сала која е единствена во регионот, министерот Меџити не дошол, а присуствувал само премиерот Димитар Ковачевски.

 -Двајцата посочија различни датуми што им одговараат кога да биде пуштена салата, во која ќе се лекуваат наши пациенти и нема да треба да одат во странство.  Премиерот посочи датум, бидејќи имал бројни активности. Го одбравме тој датум, без да знаеме дека така ќе регира министерот Меџити и дека нема да дојде- вели за весникот ВЕЧЕР, д-р Јовев.   

Доктор Сашко Јовев по  успесите што ги направи во сверата на трансплантацијата на срце во Македонија, но и бројни други успеси и спасување на човечки животи низ неговата успешна специјалистичка кариера  во 2022 година ја доби и државната награда „Св. Климент Охридски“  како врв на признанието за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во држвата.

Беше  награден како дел од тимот кој ја  доби наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. Во негови  раце е и наградата  за животно дело „Гемиџиите“ од општина Велес.

(В.Ма.)