Непобедливиот шампион во лесна категорија, Флојд Мејведер, е познат како човек кој сака луксузен живот. Славниот боксер постојано се фали со парите кои ги поседува, а за неговата безбедност се задолжени момци кои се добро платени.

Сепак, пред 12 години, никој не можеше да му помогне на Флојд да го заштити накитот вреден дури седум милиони долари. Разбојниците влегле во неговиот дом во Лас Вегас, поминале покрај обезбедувањето и зеле накит вреден седум милиони долари.

Сторителите никогаш не биле идентификувани. Флојд мораше да се помири со фактот дека никогаш повеќе нема да ги види накит кој го поседувал, па затоа тргнал кон купување на нов.

Инаку, изминатите денови, целокупната јавност е шокирана од постапката на Мејведер, кој се пофали дека бил на неколку забави во Аризона во време на пандемијата. Очигледно дека правилата за Мејведер и неговите луѓе не важат, а во Аризона до сега починаа над 800 луѓе.