EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Поранешниот боксерски шампион во пет тежински категории, Флојд Мејведер Јуниор (50-0) забележа победа на ревијалниот меч против јапонскиот ММА борец Микуру Асакура. Борбата заврши во втората рунда кога Американецот со десно кроше го испрати на подот Јапонецот.

Мејведер ја заврши својата професионална боксерска кариера во 2017 година кога го победи Конор Мекгрегор во Лас Вегас, САД. Ирецот загуби со технички нокаут во 10. рунда.

  • Само од овој меч ќе заработам некаде над 15-20 милиони долари, изјави 45-годишниот Мејведер за „Дејли мејл“ на прашањето зошто се врати во рингот.