Меѓународниот ден на лицата со попреченост одбележан во Кисела Вода

36

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во својот кабинет се сретна со деца со попреченост од училиштето „Кузман Шапкарев” од Драчево.

Како што соопштија од Општината, на дружбатата со децата и нивните родители, Ѓорѓиевски потсети и на сѐ што е направено за нив во претходната година, меѓу другото и за сензорната соба која ја изградивме и која значително им го олеснува и подобрува процесот на образованието.

– Нашите средби се чести и ги користиме и за дружење, но и за евидентирање на различните потреби кои овие лица ги имаат. На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој во својата суштина го има надминувањето на предрасудите, маргинализацијата и дискриминацијата, ќе потсетам на бројните проекти што ги реализиравме како што се пристапна рампа поставена на влезот на Општина Кисела Вода со што буквално ги отворивме вратите за лицата со посебни потреби, со книги напишани на Брајово писмо ја опремивме библиотеката на дечињата со оштетен вид од ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов”, отворивме клуб во Расадник за деца со церебрална парализа кој целосно го финансираме, воспоставивме соработка со младинската организација „Крик” и  со наша поддршка, во просториите на УЗ Црниче е отворен дневен центар за лица со попречености, рече Ѓорѓиевски.

Покрај ова, додаде тој, реализирале и екскурзии, а воедно работеле на нивна целосна инклузија, вклучувајќи ги лицата со попречености во сите активности на локланата самоуправа од културно-уметнички карактер и во сите останати сфери каде што процениле дека би им било интересно и едуктивно.

Континуитетот на обебедување достапност, правичност и сигурност е насоката која Општина Кисела Вода ја зацрта и по која ќе се движи и во годините што се пред нас. За нив, јас сум секогаш тука за сѐ што е потребно, порача Ѓорѓиевски.