Меѓународна едриличарска регата на Охридско Езеро

37

На Охридското Езеро викендов ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата, во организација на Здружението за спортско едрење „Aquatica Yachting“, под покровителство на Едриличарската федерација и Општина Охрид.

Свеченото отворање е предвидено за в сабота, во 10 часот пред плажата „Горица 1“.

Регатното поле е во акваторијата пред градот Охрид, а натпреварувачите ќе настапат во класите „Оптимист“ и „Ласер“, со учество на екипи од J.K. „Палич“ од Суботица, J.K. „Панонија 1975“ од Бела Црква Ц.С.Ј.Ц „Централ Софија Јахт Клуб“ од Софија, како и на едриличарските клубови „Снегар“ од Струга и „Aquatica Yachting“ од Охрид.

Свеченото затворање на регатата и прогласувањето на победниците ќе биде в недела, во 17 часот, на плажата кај „Горица 1“.