Меѓународен меморијален ракометен турнир во Богданци

172

По повеќе од 15 години минати од историските моменти и најголемите домашни и меѓународни успеси на ракометниот клуб „Младост” од Богданци, во чест и сеќавање на сега покојните Гоце Петрушев и Томе Лисичков, вечер во Богданци ќе се одржи првиот меморијален турнир.

По тој повод, луѓето кои беа дел од европскиот тим на Младост, кој остави длабоки траги и во македонскиот ракомет, како Сергеј Турченко и Виктор Горбах од Украина, Зоран Мартиновиќ од Црна Гора, Славиша Мартиновиќ од Србија, Касим Каменица од Босна и Херцеговина и уште многу други поранешни играчи на „Младост”, вечерва повторно ќе се соберат во Богданци за да се потсетат на големите успеси што некогаш заедно ги постигнуваа на домашен и меѓународен план.

На ветераните на „Младост” ќе им се спротивстават ветераните на Македонската ракометна репрезентација предводена од легендата Пепи Манасков, а дел од турнирот ќе бидат и пионерските екипи на „Младост” од Богданци и „Партизан” од Гевгелија.